Главниот осомничен за нападот на „Северен тек“ започна штрајк со глад во затвор

Украинскиот државјанин Сергеј К., обвинет дека стои зад нападот врз гасоводот „Северен тек“, започна штрајк со глад во знак на протест против условите во затворите во Италија, изјави денес неговиот адвокат.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Принтскрин/ДВ

Украинскиот државјанин Сергеј К., обвинет дека стои зад нападот врз гасоводот „Северен тек“, започна штрајк со глад во знак на протест против условите во затворите во Италија, изјави денес неговиот адвокат.

Екстрадицијата на 49-годишниот Украинец од Италија во Германија е предмет на спор со месеци, објави „Дер Шпигел“.

Тој го започна штрајкот со глад на 31 октомври, барајќи да се почитуваат неговите основни права, додаде адвокатот.