Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година се зголемени за 0.3 % во однос на претходниот месец, објави денеска Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.9 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.1 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.1 %.
Цените во угостителството, по групи, во октомври 2025 година во однос на септември 2025 година се зголемени за:
0.2 % кај Храна
0.5 % кај Алкохолни пијалаци
0.2 % кај Безалкохолни пијалаци
0.8 % кај Ноќевања