Информации од Кина сугерираат во кои бои ќе биде достапен iPhone 18 Pro

Доколку ова се навистина новите бои во кои ќе биде достапен iPhone 18 Pro, многу корисници ќе бидат незадоволни.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: MacRumors

Apple одлучи да стави голем акцент на различни и посмели бои со новите верзии на своите модели на iPhone. Најновиот iPhone 17 Pro беше издаден во сребрена, космичка портокалова и темно сина боја.

Ако не ви се допаѓаат достапните бои, се чини дека компанијата од Купертино подготвува некои „поинтересни“ варијанти за iPhone 18 Pro.

Протечените информации од Кина сугерираат во кои бои ќе биде достапен iPhone 18 Pro кога ќе биде претставен во септември 2026 година. Тоа се: кафеава, виолетова и бургунди.

Доколку ова се покаже како вистина, Apple останува непоколеблив во намерата да не ни го даде новиот iPhone во црна или бела боја.

Додека фановите на брендот честопати посакуваат враќање на класичните црни и сребрени бои, се чини дека компанијата од Купертино сè уште бара начин да ги направи моделите iPhone Pro визуелно различни.

Секако, важно е да се напомене дека ова се неофицијални информации. Apple сè уште не го потврдил конечниот дизајн, па боите би можеле да се променат пред официјалното претставување на iPhone 18 Pro.