Руските сили оштетиле или уништиле повеќе од 2.500 медицински установи во Украина

Руските сили оштетиле или уништиле повеќе од 2.500 украински медицински установи од почетокот на војната во Украина, објави денес украинското Министерство за здравство.

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Руските сили оштетиле или уништиле повеќе од 2.500 украински медицински установи од почетокот на војната во Украина, објави денес украинското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека до 3 ноември оваа година, според информациите доставени од здравствените единици, руските сили оштетиле или уништиле 2.530 објекти, вклучувајќи 815 медицински установи, објави Укринформ.

Се забележува дека руските сили досега целосно уништиле 327 украински медицински установи.

Слични содржини