Штајнмаер остро го осудува подемот на крајнодесничарските сили

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес остро го осуди подемот на крајнодесничарските сили во Германија, додавајќи дека очекува граѓаните да се спротивстават на тоа, а политичките партии да покажат единство.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес остро го осуди подемот на крајнодесничарските сили во Германија, додавајќи дека очекува граѓаните да се спротивстават на тоа, а политичките партии да покажат единство.

„Никогаш во историјата на нашата обединета земја демократијата и слободата не биле толку нападнати“, рече тој на митинг во Берлин, објави „Дер Шпигел“.

Според него, демократијата во моментов е загрозена првенствено од крајнодесничарските сили кои добиваат популарност меѓу населението.