Украинската влада одлучи да го разреши Герман Галушченко од функцијата министер за правда, објави денес премиерката Јулија Свириденко.
Според нејзината објава на Телеграм, украинската влада утрово одржа вонредна седница на која беше донесена одлука за разрешување на Галушченко од функцијата министер за правда, објави Укринформ.
Таа додаде дека Кабинетот на министрите ги доделил должностите на министерот на заменик-министерката за правда за европски интеграции Људмила Сугак.