Европската комисија денес покрена истрага против австриската компанија Ред Бул поради сомневања дека ја нарушува конкуренцијата на пазарот на енергетски пијалоци во Европската Унија.
Како што беше објавено од Брисел, Ред Бул наводно им понудил на трговците на мало финансиски и други стимулации за отстранување на конкурентските производи од 250 милилитри или за нивно поставување на помалку видливи места во продавниците и бензинските пумпи, објави Шпигел.
Комисијата, исто така, истражува дали Ред Бул ја злоупотребил својата позиција како „менаџер на категории“ во малопродажните продавници, што би можело да влијае на начинот на кој конкурентите се претставуваат во рамките на одредена група производи.