Зголемен прометот во индустријата за 5.6 % во септември 2025 година во однос на лани истиот период

Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2025 година во однос на август 2025 година, бележи пораст од 29.1 %, додека во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, бележи пораст од 6.6 %.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 5.6 % во септември 2025 година во однос на септември 2024 година.

Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2025 година во однос на септември 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Капитални производи за 7.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2025 година во однос на август 2025 година, бележи пораст од 29.1 %, додека во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, бележи пораст од 6.6 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст од 10.4 %, додека во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, бележи пораст од 0.5 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст од 4.9 %, додека во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, бележи пораст од 8.0 %.