IHC од Абу Даби заинтересирана за купување на меѓународните средства на Лукоил

Меѓународната холдинг компанија IHC од Абу Даби, предводена од шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, денес потврди дека е заинтересирана за купување на странските средства на руската нафтена компанија Лукоил.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Локално

Меѓународната холдинг компанија IHC од Абу Даби, предводена од шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, денес потврди дека е заинтересирана за купување на странските средства на руската нафтена компанија Лукоил.

IHC е конгломерат со широко портфолио, кое вклучува енергетика, здравствена заштита, недвижности, земјоделство и рударство, како и глобални инвестиции во САД, Индија, Латинска Америка и Африка.

Компанијата со седиште во Абу Даби со тоа се приклучува на листата на потенцијални купувачи на која веќе се вклучени американските нафтени гиганти Ексон Мобил и Шеврон, како и фирмата за приватен капитал Карлајл, објави Ројтерс.

Слични содржини