Данската воена разузнавачка агенција (FE) во вторник предупреди дека земјата се соочува со повеќе надворешни закани отколку во претходните години.
„Големите светски сили сè повеќе ги ставаат своите интереси на прво место и користат сила за да ги постигнат своите цели. Војната во Украина особено го обликува развојот на безбедносната ситуација“, се вели во FE во својот годишен извештај, наведувајќи ги Русија и Кина меѓу земјите што претставуваат предизвик за Данска, објави Ројтерс.
Исто така, се вели дека се појавила неизвесност околу улогата на Соединетите Американски Држави како гарант на европската безбедност, што ќе ја зголеми подготвеноста на Русија да ги интензивира своите хибридни напади против НАТО.