Паднаа четворица полициски службеници и адвокат

од VIktor_P
4,8K прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Според пријавата, пријавените во текот на Септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка.

Против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.

Слични содржини