Русија нема да се согласи со распоредување трупи на западните земји во Украина во каква било форма, вклучително и во рамките на НАТО, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, во интервју за ABC News, објави ТАСС.
„Отворени сме за дискусија за можни опции за решение. Но, под никакви околности не сме подготвени да поддржиме, одобриме, па дури ни да толерираме какво било присуство на трупи на НАТО на територијата на Украина“, рече тој.
Русија нема намера да прави никакви територијални отстапки во преговорите за завршување на војната во Украина, истакна уште дипломатот, зборувајќи за Донбас, Крим и други територии што Москва ги нарекува „Новорусија“.