Инвеститор и градежен инспектор во Гостивар се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за бесправно градење и за несовесно работење во службата, информира МВР.
Според информациите, 65-годишниот З.М. од Гостивар, во март 2025 година, како инвеститор изградил станбен објект на два ката во една населба во градот, без потребната документација издадена од надлежен орган.
Вториот осомничен, 42-годишниот В.Р., кој работел како овластен градежен инспектор во Општина Гостивар, не постапил согласно Законот за градење.
Тој не излегол на терен за да изврши увид на објектот, иако за тоа имало службено барање од ОВР Гостивар.