Камери со вештачка интелигенција регистрираа стотици прекршоци во Атина за само 4 дена

Се очекува да бидат инсталирани вкупно 2.500 камери, од кои 2.000 се фиксни, а преостанатите 500 се во автобусите на јавниот превоз, кои ќе го следат почитувањето на ограничувањата во автобуските ленти.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Прототема

Камерите со вештачка интелигенција, кои беа поставени на 8 локации со висок ризик во грчката престолнина Атина, регистрираа стотици прекршоци за само 4 дена, објави АНА-МПА.

Осумте камери беа инсталирани во вторникот. До петок, камерата, лоцирана на прометниот булевар „Сингру“, откри над 1.000 прекршители – главно користејќи мобилен телефон додека возат и возејќи без безбедносни појаси.

Дополнително, над 800 возачи беа фатени како пребрзо возат. Имало и стотици случаи на поминување на црвено светло.

Камерите со вештачка интелигенција се инсталираат како дел од проект на грчкото Министерство за дигитално управување и наскоро ќе бидат поврзани со постојниот информативен систем на сообраќајната полиција.

Новите уреди се лесно забележливи и имаат за цел не толку да изрекуваат казни, туку да го спречат и променат однесувањето на возачите, објасни министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу.

Се очекува да бидат инсталирани вкупно 2.500 камери, од кои 2.000 се фиксни, а преостанатите 500 се во автобусите на јавниот превоз, кои ќе го следат почитувањето на ограничувањата во автобуските ленти.

Слични содржини