📷Сопругот на Вјоса Османи го поканил Кушнер да изгради Трамп хотел во Приштина

Откако Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ја повлече својата компанија од проектот за изградба на луксузен хотел и станбен комплекс на местото на зградата на Генералштабот, од почит кон српскиот народ, како што изјави, првиот господин на Косово, Приндон Садриу, го поканил овој бизнисмен да го реализира истиот проект во Приштина, на местото на поранешниот луксузен хотел „Гранд“

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Вјоса Османи

Откако Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ја повлече својата компанија од проектот за изградба на луксузен хотел и станбен комплекс на местото на зградата на Генералштабот, од почит кон српскиот народ, како што изјави, првиот господин на Косово, Приндон Садриу, го поканил овој бизнисмен да го реализира истиот проект во Приштина, на местото на поранешниот луксузен хотел „Гранд“, пишува КоСсев.

Како што наведува КоСсев, само осум дена откако Кушнер се повлече од проектот за изградба на луксузен хотел и станбен комплекс во Белград, Приндон Садриу, сопруг на косовскaтa претседателка Вјоса Османи, го поканил Кушнер да го реализира проектот на Косово, поточно во Приштина, на местото на хотелот „Гранд“.

Како што изјавил, реализацијата на овој проект во Приштина би ги „обединил луѓето“.

„Повлекувањето од проектот за хотелот Трамп во Белград потврдува важна вистина: значајните проекти имаат за цел да обединат, а не да разделат. Донесувањето на оваа визија во Приштина – и трансформирањето на Гранд хотелот во Трамп хотел – би ја ревитализирало одличната локација и би ги обединило луѓето“, напиша тој на својот профил X.

Џаред Кушнер; Фото: Јутјуб/Принтскрин/Си-Ен-Ен

Според КоСсев, Гранд хотелот се наоѓа во самиот центар на Приштина, на булеварот Мајка Тереза ​​(порано булевар Маршал Тито, или Видовданска по распадот на поранешна СФРЈ).

Хотелот бил хотел со 5 ѕвездички од А категорија, што го направило центар на општествениот и деловниот живот на Приштина сè до пред војната во Косово.

Хотелот, исто така, бил домаќин на важни државни функционери, вклучувајќи го и Јосип Броз Тито во 1979 година. По војната, косовската компанија Унио Комерц ја презела контролата врз хотелот, според КоСсев.