Командантот на Косовските безбедносни сили (КБС), генерал-потполковник Башким Јашари, денес во Приштина се сретна со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи, објави Косовската радио-телевизија.
Во објава на својата официјална Фејсбук страница, КБС објави дека за време на нивниот состанок, Јашари и Кинџи разговарале за актуелните безбедносни случувања во регионот и улогата на КБС во обезбедувањето на безбедноста на Косово.
Тие, исто така, ја нагласиле важноста на поддршката на Албанија за развојот на КБС, особено во областите на образование и размена на искуства.
„На крајот од состанокот, генералите потврдија дека продлабочувањето на соработката меѓу Вооружените сили на Република Албанија и Косовските безбедносни сили останува национален стратешки приоритет. Во овој контекст, зајакнувањето на одбранбените капацитети беше идентификувано како суштинско за обезбедување на регионалната безбедност и стабилност“, објавија и КБС.