ДЗС: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 13.7 %

Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 9.5 %, а реално за 3.9 %

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Телма ТВ

Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 6.5 %, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС)

Во трговијата на мало во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 13.7 %, а реално за 6.5 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 5.6 %, а реално за 1.5 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 9.5 %, а реално за 3.9 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 5.7 %, а номинално за 6.9 %.

*Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

* Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 13.7 %, а реално за
6.5 %

* Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 9.5 %, а реално за 3.9 % .