Таксистите во грчката престолнина Атина најавија уште еден 48-часовен штрајк денес и утре, јавува Скај ТВ.
Нивните барања се слични на оние што ги покренаа на нивните претходни протести – одложување до 2035 година на обврската сите новорегистрирани такси возила да бидат електрични од оваа година, мерки против она што го сметаат за нелојална конкуренција од мултинационални апликации и автомобили за изнајмување со возачи, дозволување на такси возилата да се движат во автобуски ленти и зголемување на минималниот ослободен од данок во секторот на 12.000 евра годишно.
Синдикатот на таксистите во Атина се заканува дека ќе ги ескалира протестите доколку не добие задоволителен одговор од владата.
Таксистите во грчката престолнина штрајкуваа неколку пати минатата година.