Зеленски: Подготвени сме на компромиси со Русија, но не прифаќаме ултиматуми

Володимир Зеленски за јапонската новинарска агенција Кјодо њуз изјави дека 10.000 севернокорејски војници моментално се наоѓаат на руска територија, опишувајќи го тоа како „исклучително опасен“ развој на настаните. Тој исто така изјави дека барањата на Русија се „ултиматум“.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фотографија: Х/Oфицијален профил на Володомир Зеленски

Володимир Зеленски за јапонската новинарска агенција Кјодо њуз изјави дека 10.000 севернокорејски војници моментално се наоѓаат на руска територија, опишувајќи го тоа како „исклучително опасен“ развој на настаните. Тој исто така изјави дека барањата на Русија се „ултиматум“.

Според украинскиот претседател, станува збор за војници кои стекнуваат искуство во модерното војување врз основа на борбите на Русија против Украина.

„Моментално на руска територија има 10.000 севернокорејски војници. Исклучително е опасно што тие стекнуваат знаења за модерното хибридно војување. Тие знаат како да се одбранат од ракети, од различни видови дронови – вклучувајќи дронови со оптички влакна – од FPV, до дронови со долг дострел. Сега тие учат на руска територија, бидејќи ние возвраќаме на руски напади. Така да, тие ја имаат оваа можност. Што ќе прават со ова знаење? Во најмала рака ќе го донесат ова знаење и искуство дома во Северна Кореја“, рече Зеленски.

Неговата изјава доаѓа во време кога западните разузнавачки агенции со месеци предупредуваат за сè поинтензивната воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, вклучително и снабдувањето со оружје и муниција.

„Подготвени сме за компромиси, но не и за ултиматуми.“

Говорејќи за можноста на мировни преговори, Зеленски нагласи дека Украина е подготвена за „вистински компромиси“, но не по цена на независноста и суверенитетот.

„Подготвени сме на вистински компромиси. Но, не компромиси по цена на нашата независност и суверенитет. Подготвени сме да разговараме за компромиси со САД. Но, да не добиваме ултиматуми од Русите повторно и повторно. Тие се агресорот. Сите го препознаа тоа. Тоа не се променило. Многу земји кои биле посредници или се обиделе да бидат посредници од самиот почеток на оваа војна, особено на Блискиот Исток и Азија, како и други земји, сите признаваат дека Русија е агресорот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека самиот факт што Украина разговара со Москва за компромиси е еден вид отстапка.

„Затоа наш компромис е тоа што зборуваме за компромиси со агресорот. „Стоп и ќе застанеме таму каде што сме“ – тоа е голем компромис. Тие зедоа речиси 20% од нашата територија. И ние сме подготвени во овој момент да зборуваме за мир врз основа на принципот „Стоп и ќе застанеме таму каде што сме“. Тоа е голем компромис“, рече тој.

Зеленски потоа ја критикуваше руската позиција.

„Што ни нуди Русија како компромис? На што се подготвени? Тие рекоа: „Подготвени сме да не ги окупираме вашите останати региони“. Но, тоа е тероризам. Дури и тој јазик е тероризам. „Подготвен сум да не ве убијам – дајте ни сè“. Што значи тоа? Тоа не е компромис. Тоа е ултиматум. Затоа и велам: ние сме подготвени за компромиси што го почитуваат украинскиот суверенитет и територијален интегритет, нашата армија, нашиот народ и нашите деца. Но, ние не сме подготвени за ултиматуми“, додаде тој.