Поради противењето на Унгарија, земјите од ЕУ веројатно нема да постигнат договор денес за предложениот нов пакет санкции против Русија, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Калас им рече на новинарите пред состанокот во Брисел дека континуираниот отпор на Унгарија јасно стави до знаење дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ нема да се постигне консензус за предложените мерки.
„Ќе има дискусии за дваесеттиот пакет санкции, но не мислам дека денес ќе има некаков напредок по ова прашање“, рече Калас, според АНСА.
Таа рече дека Брисел ќе продолжи да инсистира на воведување нови рестриктивни мерки против Русија, поради војната во Украина.