Најчевска: Груби не би се вратил во Македонија доколку смета дека ќе оди во затвор

Додавајќи дека ниту една партија досега што била на власт нема започнато реформа на правосудниот систем, која треба да започне со ветинг на судиите и јавните обвинители.

од Кристијан Димков
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ТВ Канал 5

Артан Груби не би се вратил во Македонија доколку смета дека ќе има судење и дека ќе отслужи затворска казна и очигледно е дека е направен некаков позадински договор бидејќи ВМРО – ДПМНЕ почнува да кокетира со ДУИ и се подготвуваат за заеднични настап на следните избори, изјави професорката Мирјана Најчевска на вчерашната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Поради последните неколку промени на Кривичниот Законик кај нас, секој функционер кој направил прекршок од позиција на власт нема шанси да одговара, односно му тече застарување на делото. Кога еден ваков висок функционер од ДУИ ќе се реши да се врати и доброволно да се предаде тоа значи дека веќе постојат некакви разговори меѓу партијата на власт и ДУИ“, изјави Најчевска.

Таа истакна и дека, според многубројни неформални информации, Груби се наоѓал во Косово и според нејзе е многу сомнително тоа што не било побарано од Косово да го екстрадира и се прашува каква е таа непријателска соседна држава што криела човек за којшто е распишана потерница, додавајќи дека ниту една партија досега што била на власт нема започнато реформа на правосудниот систем, која треба да започне со ветинг на судиите и јавните обвинители.