Муцунски во телефонски разговор со Бин Зајед: Силна поддршка, осуда на нападите и повик за деескалација

Муцунски остро ги осудил нападите извршени од Иран врз ОАЕ оценувајќи ги како сериозна повреда на меѓународното право

од Кристијан Димков
19 прегледи Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, Во разговорот, Министерот изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите, соопштуваат денеска од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Оттаму додаваат дека Муцунски остро ги осудил нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати оценувајќи ги како сериозна повреда на меѓународното право.

„Министерот Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.