Јасно ми е дека јавноста има една перцепција, која е резултат на претходни порази коишто ги имала Македонија и одредени спинови кои политичарите ги пуштаа за себе дека се семоќни, дека ние седиме во одредена затемнета територија со 15ина телефони околу себе и ги управуваме сите процеси во државата, а најтешко е да се борите против перцепциите, изјави во вчерашно интервју Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски за емисијата „360 степени“
„Политиката е доста рационална работа, еве да ја прифатиме оваа спин теза дека ние стоиме позади таа работа (враќањето на Артан Груби) има две работи коишто подудараат секаква логика во однос на таа теза, прво кој е Артан Груби и како се однесуваше пред се кон сегашниот премиер а тогашен лидер на опозицијата, не мислам дека Премиерот заборавил кој е Артан Груби и што правел… А второто рушење на овие спин тези е: и да е така, каде е Владата и ВМРО-ДПМНЕ тука, во рационална работа треба да има двонасочна улица а јас тука не ја гледам двонасочноста“, изјави Николовски
Тој додава дека граѓаните не се наивни и дека со текот на времето јавноста увидува дека овие тези паѓаат во вода и дека ситуацијата со Груби е сосема спротивна.