Зеленски открива драматични бројки: Нашите разузнавачки служби дојдоа до важни документи

Украинскиот претседател даде проценки за тешките загуби претрпени од Русија од почетокот на инвазијата на Украина

од Кристијан Димков
20 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Скај Њуз

Според украинските разузнавачки служби, Русија досега претрпе околу 1,31 милион жртви на бојното поле, вклучувајќи убиени и тешко ранети војници.

Зеленски тврди дека проценката се базира на доверливи руски документи добиени од страна на украинските разузнавачки служби.

„Нашите разузнавачки служби дојдоа до важни документи за руската проценка на сопствените загуби на бојното поле“, напиша Зеленски на социјалните медиуми, според Индепендент.

Тој додаде дека руските извештаи покажуваат дека 62 проценти од војниците биле убиени, додека 38 проценти биле ранети, што, според него, е невообичаено висок процент на убиени во однос на повредени.

Според тие документи, руските власти проценуваат неповратни загуби на 1,315 милиони мртви и тешко ранети, но Зеленски тврди дека има причина да се верува дека вистинските бројки се уште поголеми.