Автомобилските компании фрлија многу пари во ветер поради електричната транзиција

Автомобилската индустрија изгуби 61 милијарда евра поради прекумерни инвестиции во електрични автомобили

од Кристијан Димков
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ Dark Span

Производителите на автомобили изгубија милијарди евра поради инвестиции во електрични автомобили. Едноставно кажано, пазарот растеше побавно од очекуваното, Америка го смени курсот по изборот на Доналд Трамп за претседател, во Кина ценовните војни ги погодија сите, а во Европа напуштена агресивната електрична транзиција.

Затоа многу инвестиции во електрични автомобили се всушност пари фрлени во ветер.

Последната во низата е Хонда, која отпиша 13,7 милијарди евра, а пред јапонската компанија, истото го направија и Стелантис, Фолксваген, Џенерал Моторс и Форд во поголема или помала мера.

Вкупниот отпис на инвестициите во електрична мобилност е 61 милијарда евра. Тоа е огромна сума, а многу производители уште се немаат огласено, кои допрва треба да ги откријат своите бројки пред акционерите.

Не можат за загубите да се обвинат само менаџментот на компаниите туку и нејасните владини политики кои се менуваат од година во година.

Електричната мобилност е сè уште тука, но не се имплементира толку агресивно како што е планирано, пишува „Индија тајмс“.