Инфлуенсерка паднала од терасата на хотел и го скршила ‘рбетот на 24 места

од Весна Трајкова
220 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Британската инфлуенсерка Бет Клуг паднала од терасата на четвртиот кат од хотелот „Град на гревот“ (Sin City) во Патаја, Тајланд, а при падот го скршила ‘рбетот на 24 места, откриле нејзините пријатели.

Бет Клуг паднала на бетонска жардиниера од балконот на хотелот кој има 22 ката. По падот, таа не можела да ги движи рацете. Брзата помош ја пронашла во грмушките, во агонија од болки.

Инфлуенсерката е итно префрлена во болница додека нејзините пријатели очајно се обидуваат да соберат средства за нејзино лекување и повратен лет за Велика Британија. Работник во обезбедувањето во хотелот, кој бил на должност кога се случил несреќниот инцидент, ги раскажал деталите и веднаш повикал брза помош:

„Слушнав звук како голем предмет да паѓа и да удира во грмушките. Побрзав да проверам и ја здогледав. Плачејќи бараше помош.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beth Klug (@bethklug10)

Полицијата започнала истрага за инцидентот и рекла дека ги прегледува снимките од надзорните камери за да ја утврди точната причина. Компаниите за патничко осигурување бараат полициски извештај како дополнителен доказ.

Пријателка на Бет Клуг изјави дека инфлуенсерката сè уште не може да ги движи рацете, како и дека трпи неподносливи болки поради огромните повреди на ‘рбетот, пишува британски „Сан“. Другите пријатели апелирале за финансиска помош за да се обезбеди авионски превоз од Тајланд до Велика Британија. Тие напоменале дека ѝ е многу тешко во болница во странство, а како што еден од нив порачал, „итно ѝ е потребна лекарска помош“, што може да укажува дека не ѝ се дава соодветна нега во Тајланд.

Бет Клуг отпатувала во оваа земја пред три недели, кога на Инстаграм порачала: „Сега започнува моето вистинско тајландско искуство“.

За жал, одморот се претворил во кошмар.