Девојка загина по скок низ прозор од факултет во Белград при паника предизвикана од пиротехника

Истрагата за околностите на настанот е во тек, а потребно е да се утврди како пиротехничките средства влегле во објектот на факултетот и како дошло до нивно активирање.

од Кристијан Димков
8 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Republika Hronika

На Филозофскиот факултет во Белград синоќа се случи трагичен настан кога во објектот се запалила пиротехника, по што една студентка скокнала низ прозор и, за жал, загинала.

Полицијата синоќа во 22:40 часот добила пријава дека на платото пред факултетот се наоѓа женско лице без знаци на живот, а утврдено е дека станува збор за 25-годишна девојка.

До јавноста се соопштени информации добиени од очевидци за околностите на трагичниот настан.

„Според првичните сознанија добиени од очевидци, на петтиот кат на Филозофскиот факултет дошло до активирање и палење пиротехнички средства, по што, како што се сомнева, женско лице, најверојатно студентка на факултетот, скокнала низ прозор“, наведе началникот на Полициската станица Стари Град, Раденко Ресановиќ, во писмено соопштение.

Тој додава дека вработените на факултетот по одредено време ги изгаснале пиротехничките средства.

Истрагата за околностите на настанот е во тек, а потребно е да се утврди како пиротехничките средства влегле во објектот на факултетот и како дошло до нивно активирање.