Горивото во Црна Гора од вторник повторно поскапува

Ова би било трето последователно зголемување на цените на горивата од избувнувањето на новиот конфликт на Блискиот Исток пред еден месец

од Кристијан Димков
20 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Цената на еуродизелот од вторник на бензинските пумпи во Црна Гора би можела да биде повисока за околу 11 центи и да изнесува 1,68 евра, додека двете видови бензин најверојатно ќе поскапат за околу три центи. Така, еуросупер 98 ќе чини околу 1,59 евра, а еуросупер 95 околу 1,55 евра. Лож-уљето веројатно ќе поскапи за 11 центи, па неговата цена ќе изнесува 1,83 евра за литар.

Ова го покажуваат прелиминарните податоци за цените на нафтените деривати на меѓународната берза и односот на курсот на доларот и еврото, пишуваат „Вијести“.

Министерството за енергетика и рударство во понеделник ќе ги соопшти новите максимални малопродажни цени што ќе важат во наредните седум дена.

Ова би било трето последователно зголемување на цените на горивата од избувнувањето на новиот конфликт на Блискиот Исток пред еден месец. Владата минатата недела ги намали акцизите на горивото – за 50 отсто за дизелот и 25 отсто за двата вида бензин, како и ја измени уредбата според која цените во Црна Гора се усогласуваат со берзанските секоја недела, наместо како претходно еднаш на 14 дена.

Намалените акцизи, според оваа одлука, ќе важат до 21 април, но Владата може да ги продолжи со нова одлука.

И покрај намалувањето на акцизите, малопродажната цена на дизелот, со новото усогласување, за еден месец ќе порасне од 1,34 евра на 1,68 евра. Доколку не беа намалени акцизите, дизелот од вторник ќе чинеше околу 1,93 евра.

Слични содржини