Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром

Вицепремиерот Николоски истакна дека модернизацијата на аеродромите не се ограничува само на инфраструктурата во Охрид, туку опфаќа и напредни системи за контрола на летање, вклучително и нов радарски систем на М-НАВ, како и интензивни работи на Скопскиот аеродром

од Кристијан Димков
20 прегледи Фото: Алаксандар Николоски

Денеска на прес-конференција Министер за транспорт Александар Николоски, Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи во обемниот проект за реконструкција, проширување и модернизација на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, со кој е предвидено да се добијат околу 4.500 квадратни метри нов функционален простор, што е за 2.500 квадратни метри повеќе од постојниот.

Вицепремиерот Николоски истакна дека модернизацијата на аеродромите не се ограничува само на инфраструктурата во Охрид, туку опфаќа и напредни системи за контрола на летање, вклучително и нов радарски систем на М-НАВ, како и интензивни работи на Скопскиот аеродром. Тој посочи дека изградбата на автопатот Охрид-Кичево, дел од Коридорот 8, е завршена, овозможувајќи пристап до аеродромот од Охрид за само пет минути, а од Струга за околу десет минути.

„Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу, многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека ние сме држава од милион и осумстотини жители и дека, секако, ова бројка која што е далеку над таа можност, држава која што нема излез на море, така што во вакви услови навистина двата аеродроми имаат одличен перформанс“, изјави во своето обраќање Николовски.