Марин Ле Пен: Ќе се кандидирам за претседателка на Франција во 2027 ако судот дозволи

Целта е претседателската функција, а не премиерската позиција

од Кристијан Димков
5 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Официјален канал на Марин Ле Пен

Лидерката на десничарската партија Национално обединување (RN), Марин Ле Пен, потврди дека сака да се кандидира за претседателка на Франција во 2027 година, доколку правосудството ѝ го дозволи тоа.

Ле Пен во интервју за „Паризиен“ нагласи дека нејзината цел не е премиерската функција во случај да не успее да се кандидира за претседател, бидејќи „не бара утешна награда“.

„Договорено е меѓу Жордан (Бардела) и мене дека, ако правосудниот систем не ме спречи, јас ќе бидам кандидат на претседателските избори, а тој ќе биде мој премиер“, потврди таа, пренесува BFM TV.

Судската одлука за можноста за нејзина кандидатура се очекува на 7 јули, откако со првостепена пресуда ѝ беше изречена петгодишна забрана за вршење јавна функција.

Ле Пен го минимизираше значењето на разликите во анкетите и можните сојузи на Бардела со други десничарски партии, истакнувајќи дека „главната поента на анкетите е и понатаму високиот рејтинг на кандидатот на RN во првиот круг“, пренесува Танјуг.