„Настаните во Иран веќе имаат директно влијание врз енергетските пазари и транспортот на нафта и гас преку Ормускиот теснец“, изјави Путин во видео-обраќање до учесниците на Меѓународниот форум за транспорт и логистика.
Русија може да одигра важна улога во формирањето нова архитектура на глобалната логистика и меѓународната трговија, оцени рускиот лидер. Сферата на транспортот и логистиката во моментов е поврзана со сериозни геополитички предизвици, додаде тој.
Според него, руските логистички рути би можеле да бидат корисни за партнерите.
„Русија може да му понуди на светот безбедни рути кои се од големо значење во услови на ситуацијата околу Иран“, порача рускиот лидер. Москва мора да ги земе предвид постојаните промени во транспортот и логистиката и да гледа децении однапред, заклучи тој.
Меѓународниот форум за транспорт и логистика (ITLF) се одржува за првпат во Санкт Петербург од 1 до 3 април.
САД и Израел на 28 февруари започнаа серија напади врз цели на територијата на Иран, вклучително и врз Техеран. Во нападите имаше и цивилни жртви. Иран потоа започна возвратни ракетни напади врз израелска територија, како и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.
Поради конфликтот дојде до фактичка блокада на Ормускиот теснец – клучна рута за испорака на нафта и течен природен гас од земјите од Персискиот Залив на светскиот пазар, што влијаеше и врз нивото на извоз и производство на нафта во регионот.