Чет-ГПТ му давал инструкции на тинејџер како да се самоубие? „Тоа е дел од современиот свет“

Лука наводно лесно успеал да ги „заобиколи“ заштитните механизми на Чет-ГПТ, тврдејќи дека прашањата за самоубиство ги поставувал за истражувачки цели

од Кристијан Димков
13 прегледи

Тинејџерот Лука Вокер од Велика Британија побарал совет од вештачка интелигенција, Чет-ГПТ, за тоа како да си го одземе животот, покажуваат резултатите од истрагата. На сослушувањето вчера било кажано дека разговорот на Лука со оваа ВИ-алатка било „морничаво и вознемирувачко четиво“.

Лука наводно лесно успеал да ги „заобиколи“ заштитните механизми на Чет-ГПТ, тврдејќи дека прашањата за самоубиство ги поставувал за истражувачки цели.

Судскиот мртовечник во Винчестерскиот суд за мртовечници пресудил дека момчето извршило самоубиство, изразувајќи загриженост за влијанието на софтверите со вештачка интелигенција. Било наведено дека Лука, кој неодамна ја напуштил престижната приватна школа, се соочувал со проблеми со менталното здравје и му се обратил на Чет-ГПТ за совет.

Лука отишол на железничка станица во Хемпшир, каде што следниот ден извршил самоубиство.

Неговиот телефон го пронашла и го истражила британската транспортна полиција. Во него биле зачувани 14 пораки за семејството и пријателите, во кои напишал „збогум“ и „ве сакам“.

Говорејќи за истрагата, детективот наредник Гари Најт изјавил дека целата ситуација е многу потресна.

„Лука го прашал Чет-ГПТ и добил информации за најефикасните начини на кои луѓето можат да извршат самоубиство на железница. Тоа е вознемирувачко, но за жал е дел од современиот свет“, изјавил тој.

Истрагата потврдила дека причината за смртта се повеќекратни трауматски повреди и дека Лука починал како резултат на самоубиство. Истражителот Кристофер Вилкинсон додал дека се чувствува немоќно пред сè поголемото ширење на вештачката интелигенција и нејзиното потенцијално влијание врз младите.

Родителите на момчето, Скот Вокер и Клер Села, изјавиле дека не биле свесни за неговите проблеми со менталното здравје.

Утрото на 4 мај 2025 година, Лука им рекол на родителите дека оди на работа како спасувач, ја напуштил куќата во 10 часот и заминал кон железничката станица.

Потсетуваме дека, ова не е првпат Чет-ГПТ да биде поврзан со вакви случаи.

Едно американско семејство минатата година решило да ја тужи компанијата „OpenAI“, обвинувајќи ја за самоубиството на нивниот 16-годишен син Адам Рејн.

Во деновите по трагедијата, неговите родители, Мет и Марија Рејн, очајно го пребарувале неговиот мобилен телефон во потрага по одговори. Според нив, нивниот син во последните недели го користел четботот како замена за човечко друштво и му се доверувал за својата анксиозност и проблеми. Записите од разговорите, велат тие, покажуваат како улогата на ботот постепено се менувала – од помош при учење до она што тие го нарекуваат „тренер за самоубиство“.