Синот на Доналд Трамп доаѓа во Бања Лука

Медиумите претходно наведоа дека Трамп ќе одржи панел-дискусија во Бански двор

од Кристијан Димков
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/The Express Tribune

Доналд Трамп Јуниор, син на претседателот на Соединетите Американски Држави, треба да пристигне во Бања Лука.

Медиумите претходно наведоа дека Трамп ќе одржи панел-дискусија во Бански двор.

Министерот за внатрешни работи на ентитетот РС во Босна и Херцеговина, Жељко Будимир, изјави дека безбедноста ќе биде на високо и професионално ниво и дека МВР работи согласно своите мерки и активности што ги презема при доаѓање на сите ВИП личности, вклучително и во случајот со најавеното доаѓање на Доналд Трамп Јуниор во Бања Лука.

Потсетуваме дека синот на Доналд Трамп минатата година беше во Белград, каде што се сретна со тамошниот претседател Александар Вучиќ.