Бензинот Е10 поскапе за 0,7 центи на просечни 2,191 евра по литар, пренесува „ДПА“.
Како одговор на растот на цените на нафтата поради војната на Блискиот Исток, германската влада минатата недела усвои закон со кој на бензинските станици им се ограничува зголемувањето на цените на еднаш дневно, напладне, со цел да се ограничат ценовните флуктуации и да се обезбеди поголема транспарентност. Мерката стапи на сила во среда, на 1 април.
Пред една недела, на 30 март, граѓаните на Германија плаќаа во просек 2,295 евра за литар дизел и 2,087 евра за литар бензин Е10.
Во понеделник напладне дојде до дополнително зголемување на цените, при што просечната цена на дизелот порасна за 6,6 центи на 2,487 евра, а Е10 исто така порасна за 6,6 центи на 2,235 евра. „АДАЦ“ смета дека зголемувањата на цените се претерани.
Цените на суровата нафта продолжија да растат. Нафтата „Брент“ за испорака во јуни достигна цена од 111 долари по барел, што е речиси 40 долари повеќе од почетокот на војната.