„Дизни“ планира масовно намалување на работни места: Еден сектор останува „пократок“ за 1.000 луѓе

Планираните отпуштања би можеле да погодат помалку од еден процент од вкупниот број вработени

од Кристијан Димков
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/4K WDW

Компанијата „Волт Дизни“ планира да укине дури 1.000 работни места во наредните недели, од кои многу ќе бидат во маркетинг-одделот на компанијата, соопштија извори запознаени со ова прашање.

Изворите за „Волстрит џурнал“ изјавиле дека плановите за намалување на бројот на вработени биле направени пред Џош Д’Амаро да ја преземе својата нова улога како главен извршен директор на „Дизни“ во март, пренесува Ројтерс.

Планираните отпуштања би можеле да погодат помалку од еден процент од вкупниот број вработени.

Компанијата „Дизни“ вработувала околу 231.000 луѓе на крајот од фискалната 2025 година