Едно од најлесните јадења кои човек може да ги приготви за ограничено време и со ограничени производи е омлет .
Постојат многу негови варијанти , вклучувајќи и такви за вегетаријанците .
Овој рецепт исто го исклучува месото, за сметка на што пак во составот има други вкусни замени.
За околу 15 минути може да приготвите прекрасен вегетаријански омлет и тоа две порции од него. Пред тоа, бидете сигурни дека ги имате следниве производи:
– 6 јајца;
– ¼ чаша течна павлака за готвење;
– Сол и бибер по вкус;
– 2 лажици масло;
– ½ главица кромид – исечена на мали коцки;
– ½ чаша домати – сечени на половина;
– 1 чаша и половина спанаќ;
– ½ чаша рендан кашкавал;
Начин на приготвување:
1. Изматете ги јајцата во доволно голем сад. Додајте павлака за готвење, сол и црн пипер. Промешајте повторно.

Фото: thepioneerwoman.com
2. Загрејте нелеплива тава на умерена температура и со стопен путер. Потоа ставете сецкан кромид и гответе за неколку минути додека се здобијат со златно-кафеава боја.

Фото: thepioneerwoman.com
3. Додадете исечени домати и спанаќот. Зачинете со уште сол и бибер по вкус.Промешајте и гответе, додека ливчињата спанаќ “омекнат”.

Фото: thepioneerwoman.com
4. Потоа додадете ги јајцата и повторно промешајте. Намалете ја температурата на ринглата до ниска и полека мешајте ја смесата.

Фото: thepioneerwoman.com
5. Кога јајцата се речиси готови, додадете рендан кашкавал и продолжете да мешате.

Фото: thepioneerwoman.com
6. Послужете кога вегетаријанскиот омлет е подготвен. Може да украсите и со овошје (по желба).

Фото: thepioneerwoman.com