Сиа потврди дека навистина е мажена за режисерот Ерик Андерс . Двајцата си рекле “да” за време на интимна церемонија во нивниот дом во Палм Спрингс, Калифорнија минатото лето.
Пејачката сподели пред австралиска радио станица дека сопругот долго време не го познавал нејзиниот татко. ” Тој (Ерик) се состана со татко ми за прв пат вчера. Тие си се допаднаа веднаш и тоа е одлично “ .
Сиа е позната по својата ексцентричност и со тоа дека во последно време не сака да го покажува лицето. Друго карактеристично за неа е дека пишува песни за многу свои колеги , од кои некои се вистински хитови.
Што се однесува до нејзината музика, наскоро Сиа ќе нѐ изненади со нов видео клип . Во него учествуваат две ѕвезди – една од светот на модата, а другата од светот на филмот. Станува збор за прекрасната Хајди Клум и чилеанско-американскиот актер Педро Паскал , познат со учеството во “Игра на престоли”. Видеото треба да дебитира за неколку часа.

Хајди и Педро; Фото: Heidi Klum