Ви треба спектакуларно мезе или интересен гарнир?
Ако сте љубители на печурките, значи дефинитивно треба да го пробате нашиот предлог за печурки со сирење Бри.
Добрата вест е дека ќе ви бара само 30 минути, за да го зготвите рецептот, а сигурно ќе се импресионирате не само себе, туку и сите кои ќе пробаат од вашето кулинарско дело.
Еве и кои се производите кои ви се потребни за да приготвите печурки со сирење Бри:
– Околу 20 мали печурки – миени и без стебла;
– 4 чешниња лук – столчен;
– 1/4 чаша листови магдонос – сецкани;
– 4-5 стапчиња праз – сецкан (само до средината на темнозелениот дел);
– Чаша бело вино (опционално);
– Околу 200 грама (или повеќе по желба) сирење Бри;
– Масло за готвење;
Начин на приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 170 степени. Се топи малку масло во голема тава. Потоа додадете ги печурките, па посипете ги со малку сол и гответе ги 1 минута.

2. Извадете ги печурките од тавата и наредете ги во доволно голем сад превртени наопалу, со шуплината горе.

3. Во истата тава, без да ја чистите, ставете лук, магдонос и праз. Посипете малку со сол и додадете го виното (ако го користите). Измешајте добро и гответе една минута, додека виното да испари. Тргнете ја тавата од топлина.

4. Исечкајте сирење Бри на толку парчиња колку што се печурките. Ставете го сирењето со нежно притискање за да го “заглавите”. Посипете со смесата од лук-магдонос.

5. Ставете ги печурките во рерна околу 15 минути или додека сирењето Бри се стопи. Добар апетит!
* Појаснување: Печурките се служат откако малку ќе се изладат.
