(ФОТО) Ова се полуфиналистите на Икс Фактор Адриа 2015

од Vladimir Zorba
85 прегледи

По низа перипетии, Икс фактор конечно дојде до бројката од 8 финалисти. Оваа сезона навистина секоја епизода носеше свое изненадување. Враќањето на голем број натпреварувачи донесе потреба од две, наместо една емисија во неделата, со голем број настапи и веројатно мал фокус на менторите. Но, сепак, откако вчера си заминаа дури четворица одеднаш, полуфиналистите за оваа сезона се: Магдалена, Антонио, Аднан и Тарик, Боби, Амел, Хајвеј Трио, Најн контрол и Ива.11391511_779275478860254_2709670743884078522_n

Веројатно е нормално да има нелогичности во шоуа каде одлучува изборот на гледачите, но годинава има голем број на реакции од публиката на сметка на жирито, кое на неколку пати не сакаше да заземе став и оставаше публиката да одлучи за судбината на учесниците, а и со своите воедначени коментари не носеше суд и не даваше сугестија на публиката кој е навистина подобар. Така уште во првите емисии си заминаа натрпеварувачи кои очигледно имаа далеку поголеми вокални способности, а остануваат и натаму да се борат за финалето просечни изведувачи. Веројатно еден од аргументите е и дека претежно тинејџерската публика е активна во гласањата, но епилогот е многу неизвесен. Можеби на крајот победата ќе падне навистина во рацете на изведувач со Икс фактор, а можеби ќе добиеме победник кој набрзо ќе остане заборавен.11406922_779295198858282_7998779761456014414_n 10343481_779278035526665_982830217426339578_n 10659279_779280572193078_1764575241294117804_n 10659185_779295842191551_3942023096819962274_n10931161_779295462191589_8741647979081387044_n 11416129_779294978858304_1788550334361733677_n 11429958_779284918859310_6251804144596581319_n