Производи:
12 просечно големи домати (по 2 домати на порција)
300 г ориз
300 г печени црвени пиперки
5 лукчиња
2 главици кромид
2 моркови
Гранче босилек
50 мл масло
200 г чадена моцарела
4 чаши зеленчукова супа

Подготовка:
Зеленчукот се сече на ситно и се става на загреана тава. Потоа се додава оризот. Кога зрната ќе станат транспарентни дополнете со супата. Додека филот се подготвува исечете ги доматите.
Кога оризот е подготвен може кон филот да ја додадете внатрешноста од издлабените домати, босилек, сол и црн пипер. Гответе уште околу 10 минути. Потоа наполнете ги доматите и како капак ставете по едно парче моцарела.
Потпечете ги во загреана рерна, додека моцарелата се стопи.