Во летните месеци, потрошувачката на свеж зеленчук и салати се зголемува со четири пати повеќе во споредба со остатокот од годината.
На прагот на лето 2015 платформата за нарачки на храна foodpanda, ги рангираше највкусните и најпорачувани салати во светот.
Класичната салата “Капрезе” со свеж домат, моцарела и босилек, го зазема почесното прво место на светската ранг-листа. Второто место е за грчката салата. Маринираната фета ја прави толку примамлива и посакувана, а во некои кујни обично ја користат и како гарнир кон зачинети пилешки плескавици.
Третото место е за “Крaнч” салатата. Името може и да не ви е познато, но оваа салата со зелка, ореви, тестенини и слатко-кисел дресинг е многу вкусна. Модар патлиџан, брокула, ѓумбир и лук – одличната зеленчукова салата со нападни мириси наречена “Зимска” е на четврто место во рангирањето.
Постојат многу видови на медитеранска салата, но онаа која го зазема 5-то место во рангирањето се состои од наут, грав, маслинки и аншоа. Често ја служат и со туна.
Ова се 5-те највкусни и порачувани салати во светот. Не заборавајте дека зеленчукот е многу корисен и треба да присуствува на вашата трпеза секојдневно.