Потребни производи:
250 г крем сирење, омекнато
¼ чаша бел шеќер
1 јајце
1 чаша готвење чоколадо на парчиња
¼ чаша масло
1 чаша чоколадо за готвење (одделно од другото чоколадо)
½ чаша бел шеќер (одделно од другиот шеќер)
2 јајца (одделно)
2/3 чаши брашно
½ лажичка прашок за пециво
¼ лажичка сол

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте квадратна тава за печење со масло.
Измешајте крем сирење со ¼ чаша бел шеќер и 1 јајце во саад. Промешајте со миксер додека не стане хомогена смеса. Додадете 1 чаша парченца чоколадо и повторно промешајте, но со лажица. Оставете ги настрана.
На водена пара стопете го путерот со останатите парчиња чоколадо. Мешајте постојано додека смесата не се стопи.
Во останатата ½ чаша шеќер промешајте ги 2-те јајца, а потоа додадете го и брашното, прашокот за пециво и солта. Промешајте заедно со смесата со путерот и чоколадото. Треба да се смешаат рамномерно.
Истурете половина од тестото во подготвената тава. Раширете ја одозгора смесата со крем сирење врз чоколаден слој. Потоа истурете го остатокот чоколадна смеса.
Со помош на нож завртете го горниот слој на тестото, за да се добие шара слична на мермер.
Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Изладете добро пред сервирање. Исечете на квадрати и чувајте во фрижидер.