По неколку месечно натпреварување, многу изненадувања, пресврти, победи и загуби, „Икс фактор адриа“ ги доби своите шест суперфиналисти. Тие ќе настапат на 21 јуни во Комбанк арената и ќе се борат за големата победа на регионалното музичко шоу.
9 Контрол, Амел, Боби, Хајвеј три, Ива и Магдалена ќе настапат на истата сцена со победникот на британскиот „Икс фактор“ Џејмс Артур, во Белград.





