Пoтребни производи:
(За 12-15 кроасани)
1 пакет разладено лиснато тесто
250 г шунка
150 г пармезан или кашкавал
сенф
1 јајце
сусам

Подготовка:
Се шири изладеното тесто и сосема малку се замесува со оклагија. Потоа со помош на нож исечете триаголници. Големината зависи од тоа колку големи сакате да се кроасаните. Намачкајте го секој со сенфот, ставете по едно тенко парче шунка и рендан пармезан или кашкавал.
Завртете во форма на кроасани, намачкајте со матени јајца и посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 180 степени додека не зацрвенат.