За љубителите на италијанската кујна веќе предложивме еден рецепт за неделниот ручек -фетучини карбонара, но за оние кои сакаат уште поздраво да ручаат, а воедно се и обожаватели на рибата, прикажуваме уште поинтересен рецепт: Лосос со домати, босилок и пармезан.
Потребни производи:
2 парчиња филе од лосос
1 лажица свеж босилек
1 домат, се сече на тенки кругови
2 лажици маслиново масло
2 лажици рендан пармезан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Постелете ја решетката на рерната со алуминиумска фолија, што е добро да ја попрскате со малку маснотии.
Намачкајте ги филетите лосос со маслиново масло. Посипете ги со босилек. Одозгора наредете кругови домати. Конечно посипете со пармезан.
Печете во загреана рерна околу 20 минути или додека сирењето фати коричка.