Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во југозападните и западните делови ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. УВ = 8.
СКОПЈЕ денеска Сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре и до средината на идната недела ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните и југозападните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во понеделник.