Потребни производи:
1 багет
3-4 домати
сол, црн пипер
неколку листови свеж босилек
1-2 лукчиња
маслиново масло и оцет балсамико
Подготовка:
Исечете го лебот на парчиња со дебелина од околу 1 см. Потоа потпечете на грил тава, скара или во рерна. Уште додека се топли намаќкајте ги убаво со лукче. Посипете ги со маслиново масло, сол и црн пипер. Исечете ги доматите на мали парчиња, а отстранете го дебелиот дел.
Иситнете и босилек, па додадете на доматите со сол, оцет балсамико, црн пипер и маслиново масло. Потоа ставете домати врз тостот и сервирајте.