Попоски и Јолевски на состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО со РМ во Брисел

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Зоран Јолевски, денеска ќе учествуваат на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атлантскиот Совет на НАТО, на ниво на амбасадори на земјите-членки на Алијансата.

DETAIL_PICTURE__12672528

Како што соошпти МНР, согласно воспоставената пракса, на состанокот ќе бидат претставени постигнатите резултати на Македонија во реализацијата на севкупните реформи предвидени со Акцискиот план за членство во НАТО, со посебен акцент на политичко-економските и одбранбено-безбедносните постигнувања.

Со овој состанок ќе биде затворен 16. циклус на имплементацијата на Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО за 2014-2015 година.

Во рамки на посетата е предвидено министрите Попоски и Јолевски да остварат средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Слични содржини