83
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ќе ја посети Русија следната недела за разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Акцент ќе биде врз проширената воена улога на Русија во Сирија, објави официјален израелски претставник, цитиран од Ројтерс.
Премиерот ќе ги претстави заканите пред Израел од зголемениот прилив од современо оружје за Сирија и од испораките на оружје за Хезболах и другите терористички организации, додаде претставникот.
Москва се соочува со меѓународен притисок да ги објасни своите постапки во Сирија, каде Кремљ го поддржува сирискиот претседател Башар Асад во тек повеќе од 4 години во војна.