Утре нов топлотен бран – жолта фаза во целата земја

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Согласно најавата од Метео-алармот на Управата за хидро-метеоролошки работи, во текот на утрешниот ден со топлотен бран од жолта (алертна) фаза ќе биде зафатена територијата на целата земја, односно температури до 40 степени Целзиусови.

сонце

„Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица“, препорачуваат од министерсртвото за здравство.

Лекарите советуваат во  текот на ваквите екстремно топли денови, да се остане во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите темепратури има и  зголемена можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања,

Слични содржини